
Шумари заплениле комбе од дрвокрадци, судот им го вратил, па шумарите пак го фатиле при кражба
Комбе кое претходно било одземено при превоз на нежигосани и бесправно исечени дрва, а кое пред околу еден месец судот му го вратил на сопственикот, повторно е одземено во нова акција на „Национални шуми“ во Прилеп, објави заменик-директорот на јавното претпријатие „Национални шуми“, Кире Михаилов.
Препорачано
Товарното возило било пронајдено во шумскиот склад на подружницата „Црн Бор“ – Прилеп и по вчерашната контрола повторно е одземено како доказ за кражба и нелегален превоз на огревни дрва.
„Комбето кое го гледате на сликава пред извесен период било одземено при превоз на нежигосани и бесправно посечени дрва во Прилеп… пред околу еден месец од страна на судот беше вратено. Сега, по нова кражба, повторно го одзедовме,“ пишува Михаилов во објавата.

Тој им поставува и отворено прашање на правосудните органи: За колку време судот повторно ќе го врати возилото на истиот осомничен дрвокрадец, дозволувајќи повторно нелегална сеча и принудувајќи ги шумарските служби постојано да интервенираат?
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25сек
-
12мин
-
16мин
-
33мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5