Каја Шукова / Фото: СДСМ

Шукова: Вардариште и Дрисла станаа симбол на хаосот во Скопје

По пожарите на Вардариште и Дрисла, жителите на Скопје се оставени сами да се справуваат со последиците од загадувањето, што претставува најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот, порача кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова.

„Четири години нема никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања. Додека градот се гуши во ѓубре и чад, тие одржуваат прес-конференции за нереални фестивали и паркови на контаминирано земјиште“, истакна Шукова.

Таа го обвини актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски дека се крие и одбегнува директно соочување со граѓаните.

„Проекти како ‘парк на Вардариште’ се класичен пример за краткорочен популизам, кој не допира до суштината на проблемот“, додаде таа.

Во своето обраќање, Шукова го претстави и планот на СДСМ за справување со отпадот: итно оградување и заштита на просторот на Вардариште, 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам, како и изградба на нова претоварна станица според европски стандарди, што ќе биде дел од интегриран систем за управување со отпадот.

„Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа“, порача Шукова, повикувајќи го Ѓорѓиевски на јавно соочување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот