Каја Шукова/ Фото: скриншот

Шукова најави дигитална револуција во функционирањето на администрацијата – „Скопје без хартија“

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска го претстави проектот „Скопје без хартија, дигитален град за сите“, што е дел од нејзината предизборна програма.

Таа истакна дека нејзината визија за Скопје е град што функционира транспарентно, ефикасно и современо, град што им служи на граѓаните.

Објасни дека концептот „Скопје без хартија“ претставува дигитална револуција во функционирањето на градската администрација, со цел секој процес да биде брз, достапен и видлив за сите.

Според Шукова, дигитализацијата на јавните услуги е темел на новиот модел на управување.

„Преку алатката ‘Отворен буџет’, граѓаните ќе имаат постојан увид во трошењето и распределбата на јавните средства. Електронските јавни набавки обезбедуваат транспарентност и одговорност во секоја постапка“ рече Шукова.

Еден од клучните проекти во нејзината програма е „Скопје без хартија“ (Paperless City 2029), кој предвидува воспоставување на единствена дигитална платформа што ќе ги поврзува сите градски услуги, со овозможен пристап до документи и плаќања, до информации за граѓаните и бизнисите на едно место.

Во рамките на проектот е развиена и мобилна апликација преку која граѓаните и туристите ќе добиваат информации за јавен превоз, настани и услуги во реално време, што, како што истакна Шукова, ќе придонесе за поголема поврзаност и функционалност на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот