Фото: Profimedia

Штрајкува брзата помош во Англија, а се најавува и првиот историски протест на медицинските сестри

Повеќе од 10.000 вработени во службата за брза помош низ Англија и Велс одлучија да штрајкуваат поради спор околу платите и работните услови, соопшти денеска директоратот на синдикатот ГМБ.

Британската Национална здравствена служба (НХС) се подготвува за бран штрајкови без преседан. Како што е најавено, околу 100.000 медицински сестри ќе штрајкуваат од 15 и 20 декември и тоа е прв ваков протест во 100-годишната историја на британските медицински синдикати.

НХС, која обезбедува бесплатна здравствена заштита од 1948 година, се соочува со рекорден број пациенти на листи на чекање за болничко лекување и недостиг на стручен кадар поради пандемијата на Ковид-19.

„Наш приоритет е безбедноста на пациентите за време на кој и да е штрајк. НХС ги проверуваше и тестираше плановите за намалување на нарушувањето на работата на здравствената служба и продолжување на функционирањето на итните медицински служби“, изјави министерот за здравство и социјална заштита на Велика Британија, Стив Баркли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот