
Што треба да стори Израел, а што Хамас за конечен мир?
Додека претставниците на Израел и Хамас се договараат во Египет, планот на Трамп нуди шанса за мир, но предизвиците и ризиците се големи за конечно да надвладее мир на Блискиот Исток.
Делегациите на Хамас и Израел пристигнаа во Египет за продолжување на разговорите за прекин на огнот, во време кога конфликтот во Појасот Газа предизвика огромни човечки страдања и уништување на инфраструктурата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако основните теми на дијалогот се ослободување на заложниците, прекин на борбите и воспоставување на привремена администрација во Газа, додека планот на американскиот претседател Доналд Трамп предвидува делумно разоружување на Хамас и контрола врз офанзивното оружје, а дел од политичките претставници на Хамас надвор од Газа изразуваат подготвеност да го прифатат предлогот, но и военото крило на оргнизацијата во енклавата сè уште немаат постигнато целосен консензус, се наметнува дилема и неизвесност каков ќе биде конечниот исход на преговорите, анализираат светските медиуми.

Според „Ал Џезира“ овој процес се одвива под силен меѓународен притисок, при што Израел ја оценува иницијативата како „историска шанса“ за мир, додека Хамас ги негира тврдењата дека се согласил на целосно предавање на оружјето, бидејќи како што наведува медиумот, додека сè уште не започнале разговорите во Египет, Израел засилено врши нови воздушни напади врз Газа.
Тоа според медиумот не може да создаде баланс меѓу политички компромис и воена позиција на двете страни што пак го нагласува кревкиот карактер на мировниот процес и потенцијалното влијание врз стабилноста на Блискиот Исток.
Предизвици, разлики меѓу страните и геополитички импликации
Клучните точки на преговорите вклучуваат ослободување на сите живи заложници, предавање на телата на загинатите, воспоставување на привремена меѓународна администрација и распоредување на странски сили за надзор.
Разликите меѓу лидерите на Хамас во Газа и политичките претставници надвор од енклавата, особено околу прашањето за разоружување, ќе бидат критичен тест за способноста на преговорите да обезбедат траен прекин на огнот. Одбранбеното оружје што Хамас сака да го задржи претставува потенцијална закана за идната стабилност, дури и ако се постигне договор за прекин на борбите.

Геополитички, исходот од преговорите ќе има далекусежни последици. Првиот ефект би бил на локално ниво – стабилизација на ситуацијата во Газа и евентуално намалување на цивилните жртви. На регионално ниво, успешен мировен договор би можел да ја зголеми улогата на Египет како посредник и да ја поттикне дипломатската активност на други блискоисточни земји.
Меѓународно, планот на Трамп, доколку се спроведе, ќе биде тест за способноста на САД да влијаат врз конфликти во регионот, со можни ефекти врз односите со Израел, Палестинците и соседните држави.
Кога би требало да има прекин на воените операции?
Германски „Дојче веле“ детално го опишува планот за прекин на огнот на Трамп. Имено, планот предвидува прекинување на сите воени операции од страна на Израел веднаш, вклучително и воздушните напади, штом двете страни се согласат со мировниот договор. Одредбата за симултан прекин на огнот е клучна за градење доверба и создавање стабилен амбиент за имплементација на следните точки.
Што бара Израел и што треба треба да направи Хамас?
Терористичката организација е обврзана да ги ослободи сите преживеани заложници и да ги предаде останките на другите заложници на Израел во рок од 72 часа од одобрувањето на договорот. Разоружувањето на Хамас, особено офанзивното оружје, ќе биде клучен елемент за создавање услови за траен прекин на огнот.

Од друга стрна, Израел треба да ослободи 250 палестински затвореници со доживотни казни и дополнителни 1.700 лица затворени во Појасот Газа. Потоа следува постепено повлекување на израелските вооружени сили од територијата, што ќе ја отвори вратата за обновување на цивилниот живот и администрацијата.
Што ќе се случи со цивилното население?
„Никој нема да биде принуден да ја напушти Газа“, се наведува во планот, што ја елиминира идејата за евакуација на крајбрежниот појас и ја гарантира заштитата на цивилното население. Ова е клучно за зачувување на хуманитарната рамнотежа и довербата на локалното население во процесот.
Кој би управувал со Газа?

Интересно е, како што наведува германскиот медиум, што планот предвидува привремена влада составена од аполитични Палестинци и меѓународни експерти, надгледувана од „Мировен совет“ под водство на Трамп, со учество на поранешни шефови на држави и влади. Ова тело ќе биде одговорно за администрација и безбедност, обезбедувајќи кредибилност на транзицијата.
Каква ќе биде иднината на Хамас?
Хамас ќе биде лишен од моќ во Појасот Газа, но на членовите им е ветена амнестија доколку се обврзат на мирен соживот и го предадат оружјето. На членовите ќе им биде дозволено безбедно напуштање на територијата, со цел да се избегнат дополнителни конфликти и нови ескалации.
Кој ќе го обезбедува мирот?
САД и меѓународните партнери планираат да создадат „Меѓународни сили за стабилизација“ (ИСФ), кои ќе ја надгледуваат безбедноста, ќе обучуваат палестински полицајци и ќе обезбедат заштита на границите заедно со Израел и Египет. Овој механизам е клучен за долгорочната стабилност и веродостојност на договорот.

Колку е реално формирање на палестинска држава?
Иако непосредниот фокус е на прекин на огнот и стабилизација, планот на Трамп не ја исклучува можноста за кредибилен пат кон палестинско самоопределување и државност. Сепак, политичките тензии околу признавање на државата и улогата на палестинската самоуправа остануваат отворени прашања.
Може ли признанието да донесе мир?
Сепак повеќе влијателни медиуми анализираат дека повеќе од јасно е дека признавањето на палестинската држава нема да ја запре израелската армија во Газа.
„Признавањето е погрешен замена за бојкоти и казнени мерки што треба да се преземат против земјите што вршат геноцид“, напиша колумнистот Гидеон Леви во израелскиот весник „Хаарец“ во август. „Признавањето е празен хор… Ова нема да го запре геноцидот, кој не може да се запре без практични чекори од меѓународната заедница.“
Факт е дека, како што истакнуваат правните експерти, прашањата се одвоени. Без оглед на тоа дали Палестина е држава или не, меѓународното право ги обврзува другите држави да сторат сè што можат за да спречат потенцијален геноцид.
Она што може да се постигне со признавањето на палестинската држава е зајакнување на аргументите за прекин на огнот во рамките на постојните меѓународни дипломатски, бирократски и правни структури.