
Што содржи томосот за автокефалност кој МПЦ -ОА денеска го доби од СПЦ
Патријархот Порфириј денеска на заедничката литургија во Белград на архиепископот Стефан му го врачи Томос – официјален документ со кој Српската православна црква (СПЦ) и доделува автокефален статус на Македонската православна црква на Охридската архиепископија (МПЦ-ОА), објави Бета.
Препорачано
Тој изјави дека денешниот документ ќе го испрати и до другите православни храмови, потсетувајќи дека на неодамнешната заедничка литургија во Скопје објави дека Соборот на СПЦ и додели статус на целосна независност на МПЦ-ОА.
„Ние сме должни да ги известиме сите помесни Цркви за овој чин и за ова официјално. Потоа тие, секоја по канонски ред, да го изразат својот став за она што ние веруваме дека е единствениот правилен пат за полна самојстојност на Црквата“, рече патријархот Порфириј по богослужбата во Соборната црква.
Тој изјави дека оваа постапка за доделување автокефалност нема никаква врска со другите области каде што функционира СПЦ.
„Условите и контекстите во Северна Македонија се апсолутно различни во однос на сите други области каде што постои и живее нашата Црква“, нагласи патријархот Порфириј.
Потоа беше прочитан Томос, во кој се наведува дека се доделува имајќи ја предвид новосоздадената црква, историските други околности и се нагласува дека „автокефалноста на новата сестринска црква е полна автокефалност“.
„Ова значи дека СПЦ не го условува со одредби кои ја ограничуваат нејзината канонска јурисдикција и пастирска грижа за нејзиниот верен православен народ во нивната матична земја и дијаспора“, стои во томосот што значи дека МПЦ-ОА е надлежна за просторот во Северна Македонија и за своите епархии во странство.
Истовремено, Српската православна црква „топло му препорачува на Синодот новата сестринска црква“ да го реши прашањето за нејзиното официјално име преку директен братски дијалог со Хеленската и другите помесни православни цркви.
„Се отстапуваат светите храмови и манастири, особено големите светилишта од времето на Немањиќ и подоцнежните периоди на српско присуство на црковна архитектура и културно творештво на територијата на денешна Северна Македонија, како и вкупниот движен и недвижен имот на СПЦ на новата автокефална сестринска црква“ се наведува во Томос.
По врачувањето на Томос, архиепископот Стефан рече дека Патријархот Порфириј и Соборот на Српската православна црква направиле „чекор од историско значење за МПЦ -ОА и за целото православие“.
„На дело покажавте колку го сакате мирот и хармонијата меѓу браќата, како и целата православна црква“, рече архиепископот Стефан, истакнувајќи дека ова е нова прекрасна вест по исто така прекрасната вест на неодамнешната литургија во Скопје.
МПЦ имаше автономен статус во рамките на СПЦ, но пред половина век самоволно се одвои и прогласи автокефалност, односно целосна независност, која не ја призна ниту една православна црква, пишува Бета.
На неодамнешното собрание на СПЦ беше објавено дека МПЦ се вратила на автономниот статус, а потоа и беше доделена автокефалност, за што треба да се изјаснат и другите православни цркви.
Првиот во редот на поглаварите е патријархот Вартоломеј Вселенскиот. Како што е најавено, архиепископот Стефан за неколку дена треба да се сретне со патријархот Вартоломеј.