Лука Ѓоргиевски/Инстаграм
Лука Ѓоргиевски/Инстаграм

Што прави денеска: Лука Ѓоргиевски, музичар и вокалист во бендот „Фанк Шуи“

Лука Ѓоргиевски е харизматичниот фронтмен и вокал во прогресивниот домашен бенд „Фанк Шуи“. Момче кое со интензивна енергија го полни просторот и етерот со музика и негов израз, на негов уникатен начин ни долови како му поминува едно секојдневие… Или повеќе.

Еве кои се можните етапи за развој на еден мој ден…

1.Успевам да се разбудам

2.Не успевам да се разбудам

Сигурно сум работел на нешто неверојатно претходниот ден и заслужувам да не успеам да се радувам.

Послободни денови: спорт, најчесто пливање, за да останам во допир со вода. Остатокот од денот во студио собирајќи се што ќе долета таму. Колекционерство и вежби за музичко-ментална кондиција.

Лука Ѓоргиевски/ФанкШуи/Инстаграм
Лука Ѓоргиевски/Принтскрин/Јутуб

Жестоки денови: Мобилниот телефон и компјутерот свират „winter wonderland” светејќи како новогодишни елки или како Берлин во април 1945 година. Бомбардирање од повици и пораки од соработниците и ним сличните, некаде има страв дека ќе задоцнам, сакаат да се осигураат дека тие се победници наспроти мојот тврдоглав сон. Туш, облека, автомобил (по можност со гориво) работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?️ (@lukagorgievski)

Викиншки денови: Добро подготвен, по можност наспан, или воопшто заспан, туш и тргање на пат со дружината, каде и да ни се насмевнува среќата, фала му на Бог, таа во последно време прави смисла како Dave Chappelle. Многу пат, многу пејсажи и профили, многу царини, многу смеа, многу нетрпеливост, многу толеранција, полни едра и визија, во непознатото. Кој би рекол.

Лука Ѓоргиевски/Инстаграм
Лука Ѓоргиевски/Инстаграм

Мои денови: Добро утро, топол воздух, блага паника и елан во стопалата, автомобил, автопат, три часа, мое море. Така сум неколку дена, изминатава година на два наврати по три дена. Би подолго, но обврски.

Да, Небудење поради незаспивање. Доколку светот оди на работа а јас се подготвувам да легнам најчесто после работа на песна, нема смисла да го преспијам денот. Што би рекле соседите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!