ангела димитрова
Ангела Димитрова / Фото: Емил Петров/Театар за деца и младинци- Скопје

Што прави денеска: Ангела Димитрова, актерка

Младата и талентирана актерка Ангела Димитрова со својата посветена работа несомнено ја освојува македонската филмска сцена. Секојдневно мами насмевки и во склоп на Театарот за деца и младинци во Скопје, каде што во моментов работи.

Дипломирала актерска игра на Факултетот за Драмски уметности во Скопје во класата на проф. Златко Славенски во 2015 година. Оттогаш била дел од многу работилници и семинари кај нас и во странство. Ја прашавме Ангела како изгледа еден нејзин вообичаен ден, па еве што ни откри.

Ангела Димитров / Фото: Приватна архива

„Првото нешто што го правам кога ќе се разбудам е приготвување на утринскиот чај. Тоа ми е ритуал и секогаш си одвојувам време да уживам во него. Потоа, најчесто појадувам, се подготвувам и заминувам на работа во Театарот за деца и младинци за проба. Таму пред пробата, пијам кафе со колегите и заедно го започнуваме работниот ден.

Во моментот работиме интензивно на новата претстава „Во детската соба“ во режија на Милена Миланова, која треба да има своја премиера на 19 април. Процесот е навистина напорен, како физички така и психички, така што најголемиот дел од денот го поминувам во театар.

ангела димитрова
Ангела Димитрова / Фото: Емил Петров

Попладнето, по пробата, брзам накај дома за да зготвам нешто лесно, на пример, некое рижото со зеленчук, кое го обожавам, а пак, понекогаш знаеме да се собереме со колегите на ручек.

Кога не сум во процес на создавање претстава, денот гледам да го искористам за завршување на сите обврски што ми преостанале, да вежбам поинтензивно, да се посветам повеќе на семејството и на пријателите.

ангела димитрова
Ангела Димитрова / Фото: Театар за деца и младинци- Скопје

Вечерта ако имам претстава на репертоар, дома сум само некои два часа, па веднаш се враќам назад во театар за да ја одиграм претставата.

Ако сум слободна, вечерта ја искористувам за себе, за туширање, грижа за кожата, читање и се разбира, за некој филм или серија. Периодов ја прегледувам по вторпат ситком серијата „Шитс Крик“ (Schitt’s Creek), која им ја препорачувам на сите да ја изгледаат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот