
Што откри приватниот детектив за Џони Деп? Кога ги добила доказите, Амбер Херд се шокирала
Разводот на актерската двојка Џони Деп и Амбер Херд беше еден од најскандалозните во поновата историја.
Препорачано
Поранешната двојка јавно ги изнесе „валканите алишта“ од својот брак, а постојано се појавуваа нови тужби. Амбер била решена да го добие својот поранешен на суд, а за потребите на својата тужба со својт правен тим го ангажирала приватниот детектив Пол Барези.
Целта била да се ископаат сите инкриминирачки информации за Џони Деп, со кого актерката во тој период беше на суд под обвинение за злоупотреба. Меѓутоа, Амбер била шокирана од информациите што ги добила од својот детектив.
Како и Амбер, така и Пол бил зачуден од тоа колку убави работи слушнал за Џони Деп, па решил да ги објави во книгата „Случајниот фиксатор на Џони Деп“.
„Господи, нема ниту грам зло во него“, „Ги почитува и ги обожава жените“, се само дел од коментарите кои можат да се најдат во интервјуата на Барези.
Задачата на приватниот истражител била да пронајде фотографии, видеа, изјави на блиски соработници или што било што ќе ја поддржи Амбер.
Детективот ги контактирал сите луѓе од неговото опкружување за значителна сума, но повеќето од нив имале само пофални зборови за славниот актер, што многу го изненадило.
Пол Барези на крајот стана обожавател на познатиот актер, а Амбер Херд започна нов живот во Шпанија.
Деп ја прослави победата на суд во паб: Актерот видно расположен
Амбер Херд во нови проблеми: Осигурителната компанија одбива да ѝ ги плати судските трошоци