pixabay

Што му е потребно на секој хороскопски знак за да ја достигне својата среќа

Овен
Познавање на себе

Без силна цел или идентитет во животот, Овенот не може да биде среќен. Неговиот владетел е планетата Марс и тој е природниот водач.

Бик
Голема самопочит
Без силно чувство за самопочит, Бикот не може да биде среќен. Неговиот владетел е планетата Венера, божицата на љубовта и убавите нешта во животот. Откако Бикот ќе може јасно да каже што му треба, тој станува посилен и веднаш го добива она што го заслужува. Тој е вистински господар на креацијата.

Близнаци
Слободна комуникација
Близнаците кои поради некоја причина не можат да се изразат не можат да бидат среќни. Ним им треба слобода да ги изразат своите чувства и емоции на најдобар можен начин, со зборови. Нивниот владетел е Меркур, планетата што управува со нашиот ум, нашите мисли и сите форми на комуникација. Тоа ги прави Близнаците талентирани писатели, поети, музичари и говорници.

Рак
Домот е таму каде што е срцето
Ракот без сигурно и удобно прибежиште, каде што може да биде тоа што е, не може да биде среќен. Дом кој го нарекува свој, односно место каде што неговите емоции може слободно да се разменуваат со луѓето околу него (потесно семејство, брачен другар или деца), кои го разбираат, ќе му овозможи да биде тоа што е.

Лав
Изразете се храбро
Лав без гордост можеби нема да биде среќен. Гордоста има цел. Со Лавот владее Сонцето и тој секогаш мора да биде опкружен со својата публика, мора да биде во центарот на вниманието. Лавовите особено треба да откријат што е тоа што го сакаат преку креативно самоизразување. Обично сè се врти околу надминување на некој страв.

Девица
Да се стави себеси на прво место
Девица без добра рутина, физичка и емоционална, можеби нема да биде среќна. Тоа не е затоа што нема дисциплина или е мрзелива, токму спротивното. Тоа е затоа што таа прво мисли на другите. Девиците по природа се личности кои даваат и кои поучуваат, тие ги прават добрите дела во нашиот свет. Со откажување од својот живот заради другите, тие често забораваат што треба да направат за себе.

Вага
Енергетска рамнотежа
Несреќните врски се рецепт за несреќен живот. Тоа може да бидат и деловни и лични односи. Вагата без друга личност во животот (близок пријател, роднина или некоја друга посебна личност) можеби нема да биде среќна. На Вагата најмногу ѝ е потребна избалансирана енергија, за да се чувствува живо и расположено.

Скорпија
Препуштете се на својата страст
Ако Скорпијата нема страст за нешто посебно во нејзиниот живот, можеби нема да биде среќна. Овој хороскопски знак најчесто се поврзува со секс и со мистериозни и мистични работи. Тие се креативни суштества со кои владее не само Марс, туку и длабокиот и трансформативен Плутон. Скорпијата е најмоќниот знак, гледа подалеку од површината, не се плаши да ги истражува длабочините на студениот океан, па затоа многумина се плашат од неа.

Стрелец
Продолжете да учите
Стрелецот кој не учи нешто ново или не открива нови земји можеби нема да биде среќен. Вие сте филозоф, иноватор на светот. Никогаш не дозволувајте да бидете самозадоволни. Јупитер, вашата владејачка планета, сака да ви даде сè што сакате. Кога патувате, проширете ги своите хоризонти, секое место што ќе го посетите ќе стане дел од вашата суштина и ќе научите многу повеќе за себе.

Јарец
Имајте ја целта на ум
Јарецот без голема цел, можеби нема да биде среќен. Јарецот се качува високо и упорно, додека не стигне до врвот на планината. Со Јарецот владее чуварот на времето, Сатурн. Тој верува во себе – тоа е неговата тајна. Фокусиран е на целта без разлика колку притисок мора да издржи и колку препреки мора да надмине. Напорната работа и упорноста секогаш се исплаќаат.

Водолија
Останете поврзани
Водолија во изолација можеби нема да биде среќна. Можете да седите пред вашиот компјутер и да се поврзете со илјадници луѓе, но ви треба врска во реалниот живот, надвор од интернет. Пријателите и семејството се важни за Водолијата, дури и ако тоа не го покажува. Многу брзо се поврзува со многумина, но и многу лесно ги прекинува врските.

Риби
Верувајте дека знаете
Рибите кои не веруваат во својата интуиција и изгледаат како да се изгубени во морето, можеби нема да бидат среќни. Вие сте личност која гледа почисто од другите. Нептун, вашата владејачка планета ве одржува природно поврзани со духовното. Не треба да бегате од вистината. Тука сте да им помогнете на другите и да ги водите со вашето внатрешно знаење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот