Фото: Слободен печат

Што ќе донесат протестите во Србија и дали од остеопороза заболуваат и деца? Утре во „Слободен печат“

Што ќе донесат протестите во Србија и која е паралелата на нефункционалноста на институциите во Србија и Македонија во утринската емисија „Слободен печат“ зборуваме со Горан Илијевски-претставник на Македонците во Србија.

Што е остеопороза? Кој се може да заболи и која е ризичната група? Дали е можно да се појави и кај деца? Како се живее со остеопороза и дали истата се лекува? Во утринската емисија „Слободен печат“ разговараме со доктор Маја Каличанин-Марковска специјалист по ортопедија од приватната болница Аџибадем-Систина.

Шеф Филип Поповски – „Готвиме со Фичо“ е успешен кулинар од Скопје, кој од магистер по право ја насочил кариерата во кулинарство и угостителство. Со голем успех во кариерата, тој го шета цел свет. Неговите почетоци со готвењето како инспирација започнуваат кога Поповски креира веб-сајт за рецепти на храна. Познат е како инфлуенсер на социјалните мрежи, особено со неговиот Јутјуб канал „Готвиме со Фичо“ кој е еден од неговите најуспешни проекти.

Колку влијае минималното зголемување на цената на струјата, на сметките за струја? Колку пари од својот буџет издвоија граѓаните за да ги платат сметките за струја? Дали греењето на струја е исплатливо? Што мислат граѓаните за ова покачување дознаваме преку анкета на „Слободен печат“.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот