Фото: Принтскрин / Јујтуб

Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Carry-On“ – филм на Нетфликс

Млад чувар на аеродром е уценет од мистериозен патник кој се заканува дека ќе прошверцува опасен пакет во авион на Бадник.

Жанр: трилер, акција / „IMDB“ оценка: 6.5 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 88%

„You“ – серија на Нетфликс

Што би направиле за љубов? За Џо, интензивниот млад човек кој често се мачи со убави, паметни жени, ова прашање е ставено на тест. Шармантна, но незгодна љубов станува нешто позлобно кога љубовта ќе се претвори во опсесија за Џо. Користејќи ги социјалните мрежи и интернетот, тој ја користи секоја алатка што му стои на располагање за да се зближи со жените од неговите соништа, дури и оди дотаму што ја отстранува секоја пречка – вклучително и луѓето што му стојат на патот.

Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 7.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 92%

„Elf“ – филм на Ејџ-би-о

Бади е човек израснат меѓу џуџиња на Северниот пол. Кога ќе открие дека не е елф, тој патува во Њујорк да го бара својот биолошки татко.

Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 7.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 86%

„The White Lotus“ – серија на Ејџ-би-о

Мрачните тајни и извртените вистини на гостите, персоналот и локацијата на одморалиштето се откриваат во текот на една недела која треба да биде релаксирачки одмор.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 92%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот