
Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?
Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.
Препорачано
Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по нив често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
„Scoop“ – филм на Нетфликс
Инсајдерски приказ за тоа како жените на „Њузнајт“ го обезбедиле злогласното интервју на принцот Ендру во 2019 година за неговото пријателство со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 76%
„Bridgerton“ – серија на Нетфликс
Во периодот на регентското владеење во Англија, осум блиски браќа и сестри од моќното семејство Бриџертон се обидуваат да најдат љубов.
Жанр: романса / „IMDB“ оценка: 7.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 82%
„The Color Purple“ – филм на Ејч-би-о
„Ворнер брос“ ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во „Бојата на пурпурот“.
Жанр: мјузикл / „IMDB“ оценка: 6.9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 82%
„Downton Abbey“ – серија на Ејч-би-о
Роберт Кроули, сопственик на селски имот, е уништен кога ќе умре неговиот наследник. Неговата далечна роднина и слободоумна мајка на наследникот се судира со конзервативната мајка на Роберт, која е грофица.
Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 87%