
Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?
Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.
Препорачано
Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
„The Killer“ – филм на Нетфликс
Осамен, ладен, методичен и неоптоварен со скрупули или каење, убиец чека во сенка, гледајќи ја својата следна цел. Сепак, колку подолго чека, толку повеќе мисли дека го губи разумот, ако не и свесноста.
Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 6.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 86%
„The Brothers Sun“ – серија на Нетфликс
Кога главата на тајванската тријада е застрелана од атентатор, неговиот најстар син, Чарлс „Чајрлег“ Сан, се упатува во Лос Анџелес за да ги заштити својата мајка и брат, кој бил целосно заштитен од вистината за неговото семејство.
Жанр: акција / драма / „IMDB“ оценка: 7.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 84%
„Our Flag Means Death“ – серија на Ејч-би-о
Стед Бонет, несреќен аристократ, го напушта своето семејство и удобниот живот за да стане пират и покрај недостатокот на искуство во криминал и на море.
Жанр: авантура / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 94%
„The Banshees of Inisherin“ – филм на Ејч-би-о
На оддалечен остров во близина на брегот на Ирска, Падраик е уништен кога неговиот пријател Колм одеднаш става крај на нивното доживотно пријателство. Со помош од неговата сестра и еден проблематичен млад островјанец, Падраик тргнува да ја поправи нарушената врска со сите потребни средства. Меѓутоа, бидејќи решителноста на Колм само се засилува, тој набрзо поставува ултиматум што води до шокантни последици.
Жанр: авантура / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 94%