
Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?
Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.
Препорачано
Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
„Holidate“ – филм на Нетфликс
Слоун, на која ` се потсмеваат затоа што е сама, го наоѓа совршеното решение кога ќе го запознае Џексон. Сега таа има совршен состанок за празниците, но нејзиното срце почнува да копнее по нешто повеќе.
Жанр: романтична комедија / „IMDB“ оценка: 6.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 45%
„Transatlantic“ – серија на Нетфликс
Еден американски новинар, во текот на 13 месеци поминати во Франција во 1940-41 година, успева да организира безбеден премин надвор од Франција и кон САД на повеќе од 2000 бегалци кои се во опасност да ги загубат своите животи.
Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 95%
„Holiday Harmony“ – филм на Ејџ-би-о
Еден симпатична и талентирана девојка моментално останува настрана од остварувањето на нејзините музички соништа, кога нејзиното комбе се расипува во мал град непосредно пред Божиќ.
Жанр: комедија, драма / „IMDB“ оценка: 6.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 90%
„Divorce“ – серија на Ејџ-би-о
Френсис и Роберт Дуфрен, средовечен пар кој живее во Њујорк, одлучуваат да се разделат. Тоа што не се поднесуваат еден со друг често завршува со урнебесни ситуации.
Жанр: комедија, драма / „IMDB“ оценка: 6.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 78%