
Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?
Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.
Препорачано
Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
„A Family Affair“ – филм на Нетфликс
Изненадна романса предизвикува комични последици за млада жена, нејзината мајка и нејзиниот шеф – филмска ѕвезда – додека се соочуваат со компликациите на љубовта, сексот и идентитетот.
Жанр: романтична комедија / „IMDB“ оценка: 5.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 35%
„Nobody Wants This“ – серија на Нетфликс
Агностичен подкастер за секс и неодамна разведена рабинка се вљубуваат, обидувајќи се да откријат дали нивната врска може да преживее и покрај сосема различните животи и семејствата што им се мешаат.
Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 95%
„A Man Called Otto“ – филм на Ејџ-би-о
Ото е човек кој ја изгубил волјата за живот по смртта на сопругата, но наоѓа ново значење со доаѓањето на новите соседи.
Жанр: драма/комедија / „IMDB“ оценка: 7.5 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 70%
„Starstruck“ – серија на Ејџ-би-о
Серијата следи дваесетгодишна миленијалка во Лондон, која се справува со две работни места, како и со чудното расположение и компликациите откако случајно спие со филмска ѕвезда.
Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 7.5 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 97%