Клиничка болница - Штип
Клиничка болница - Штип / Фото: МИА

Штипската клиничка болница годината ја завршува со долг од 2,6 милиони евра

Штипска Клиничка болница годината ја завршува со долг од 160 милиони денари (2.56 милиони евра). Мирјана Ефтимова, економист во болницата, вели дека во моментов најголем е долгот кон Центарот за трансфузиологија, а изнесува 30 милиони денари (околу половина милион евра). Таа вели дека имаат доспеани долгови и за набавка на лекови и друг медицински материјал.

-Штипската Клиничка болница наследи вкупен долг од 190 милиони денари. Доспеани обврски имавме околу 160 милиони денари. Успеавме за овие четири до пет месеци, да ги намалиме за околу 30 милиони денари. Вкупниот долг сега е 160 милиони денари, а доспеаните обврски се 132 милиони денари. Најголем долг имаме кон Републичкиот завод за трансфузиологија, кој изнесуваше 40 милиони, но успеавме да го намалиме за 10 милиони денари, изјави Ефтимова.

Таа истакна дека болничкиот центар се очекува наредната година да има поголем буџет, а во 2025 година со работа ќе почне Ургентниот центар, ќе се работи и на модуларната болница, која е мета на крадци конечно и ќе се пренамени, а во неа ќе се отворат амбуланти за специјалистички прегледи.

-Имаме инвестиции во градежни објекти. Таму спаѓаат Ургентниот центар. Предвидена е реконструкција на модуларната болница. Планирано е реконструкција на кровната конструкција на Инфективното одделение. Предвидени се инвестиции во медицински апарати, изјави Ефтимова.

За старите медицински апарати за сервисирање се потрошени околу 11 милиони денари, а пак за партиципацијата која ја плаќаат пациентите за лекување на некое од одделенијата, Клиничката болница е во загуба од осум милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот