Фото: МИА

Шпанската владејачка партија нема да формира коалиција со главните опозиционери

Шпанската владејачка Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез денеска соопшти дека нема да формира голема коалиција со главната опозициска Народна партија (ПП).

– Нема да се обложиме на голема коалициска влада потпирајќи се на каталонските партии, кои се залагаат за независност на шпанската покраина, соопшти ПСОЕ.

На вонредните парламентарни избори ПСОЕ освои 120 од 350 места во Долниот дом од шпанскиот Парламент, ПП – 88, а десничарската партија Вокс доби 52 мандати.

Левичарската партија Подемос освои 35 места, додека Републиканската левица на Каталонија – 13, а десничарската партија Сиудаданос доби 10 пратеници.

Поради неуспехот на изборите, лидерот на Сиудаданос, Алберт Ривера денеска поднесе оставка. Сиудаданос вчера освои само 10 пратенички места, додека на изборите одржани на 28 април доби 57 мандати.

Ривера на прес-конференција изјави дека поднесува оставка бидејќи „неуспехот им припаѓа на лидерите” и додаде дека поднесува оставка и од местото заменик во Конгресот.

Излезноста на вчерашните вонредни избори беше 69,94 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот