Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Шпанка се породи во авион на „Рајанер“ на височина од 5.500 метри
Редовниот лет на „Рајанер“ од Брисел (CRL) до Кастелон, Шпанија ќе остане во аналите на ирскиот превозник – овој пат поради прекрасен настан: имено, вчера на патничка во поодмината бременост ѝ пукна водењакот среде лет, а кратко потоа се породи со девојче – на надморска височина од 5.500 метри.
Препорачано
Кратко по полетувањето, бремената мајка, шпанска државјанка, почнала да чувствува контракции, а потоа ѝ пукнал водењакот. Екипажот веднаш го известил капетанот, кој донел одлука да го пренасочи летот кон најблискиот соодветен аеродром.
Авионот „Боинг 737-8“ на ирската нискобуџетна авиокомпанија бил пренасочен и брзо слетал на аеродромот Лимож (LIG) во регионот Нова Аквитанија во Франција, објави порталот „Aviation24“. Сепак – бебето не сакало да чека помош од страна.
Итните служби биле подготвени и чекале авионот да застане. Според „Хафингтон пост“, на местото на настанот биле испратени пожарникари, единица за интензивна нега со инкубатор, болничар, лекар, бабица и медицинска сестра анестезиолог. Сепак, кога авионот слетал, малото девојче веќе било во прегратките на нејзината мајка. И мајката и новороденчето биле префрлени во блиската болница веднаш по слетувањето, а според извештаите, двајцата се во одлична здравствена состојба.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
21мин
-
33мин
-
56мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5