Фото: Архива

Шпанија воведе целосно ембарго за извоз на оружје во Израел

Шпанската Влада одобри „целосно“ ембарго на оружје за Израел, како дел од пакет мерките, како што наведе премиерот Педро Санчез, насочени кон завршување на „геноцидот во Газа“, јави „Франс прес“.

Ембаргото забранува извоз на одбранбена опрема, производи или технологија што ги користи Израел во воените операции во палестинската енклава, како и увоз на израелско оружје во Шпанија.

Педро Санчез / Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Со мерката се блокираат и барањата за транзит на гориво за авиони со потенцијално воена примена и се забранува увоз на производи „од илегалните населби во Газа и на Западниот Брег“.

Уредбата треба да биде одобрена од Парламентот, каде левичарската Влада на Санчез нема мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот