Пештерски слики ги покриваат ѕидовите на пештерата Ла Пилета - Фото: JORGE GUERRERO / AFP / Profimedia

Шпанец под истрага, истурил вода врз слики од древна пештера за да добие подобра фотографија за на Фејсбук

Шпанските власти истражуваат маж кој оштетил слики од пештера стари неколку илјади години. Имено, тој решил да ги полие со вода за да добие подобри, односно поостри фотографии за на Фејсбук.

Еден 39-годишен маж од Андалузија објавил неколку фотографии од наводнетите слики во пештерата на Фејсбук, објави во саботата Шпанската цивилна гарда (Гардија Цивил), пишува „Си-ен-ен“.

Кога официјалните лица ги видоа фотографиите на интернет во мај, веднаш покренаа истрага, имајќи предвид дека сликите, кои се наоѓаат на различни локации во планинскиот венец Сиера Сур де Жан, се заштитени.

Кога неименуван маж ги полил со вода овие пештерски уметнички дела, настанала штета. Имено, сликите се направени на варовник, кој содржи соли растворливи во вода.

Кога варовникот ќе дојде во допир со вода, солите се раствораат и излегуваат на површината, создавајќи слој кој ги оштетува сликите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот