Шоу пред Сојузот на синдикати: „Воскресна“ стариот претседател Митревски, го сака столчето на Трендафилов

Истовремено со него на пресот стигна и актуелниот претседател на Синдикатот, Слободан Трендафилов, за да го потсети дека тој не е претседател уште од 2017 година.

По долги години паузирање од јавни настапи, денеска закажа прес-конференција поранешниот претседател на Сојузот на Синдикати, Живко Митревски. Тој во 2017 година беше сменет со Дарко Димовски, а тогаш се случуваше драма, се спиеше по канацеларии, доаѓаше полиција, на висок тон се докажуваше дали изборот на нов претседател е легитимен.
Нова драма пак се приреди пред домот на синдикатите. Митревски вели дека е нелегитимно разрешен и дека треба да се врати на претседателската позиција во Синдикатот.

Истовремено со него на пресот стигна и актуелниот претседател на Синдикатот, Слободан Трендафилов, за да го потсети дека тој не е претседател уште од 2017 година. Митрески пак, му возврати на Трендафилов дека тој не бил никогаш претседател на гранков синдикат, па така не може да биде претседател на Сојузот на синдикати.

-Министерството за труд носи решение со кое го одбива барањето за упис на Слободан Трендафилов за претседател на трговија, и со тоа и за в.д претседател, ама тој продолжува со активностите. Лажно се прикажува дека е претседател. Ние како чесни синдикалци ќе бараме покачување на платите, врз основа на закон – вели Митревски.

Трендафилов од зад него го праша што тој ќе направи за да им помогне на работниците, да им се зголемат платите, на што Митрески му одговори дека ќе бара решенија во рамките на законите.

-Да упатам јавна критика во делот на однесувањето на господин Трендафилов и замајувањето на јавноста за зголемувањето на платите. Ние како чесни синдикалци ќе бараме зголемување на платите и ќе бараме тоа се направи во реален социјален дијалог со кој ќе утврдиме зголемување на платите на начин како што е утврдено во нашето законодавство – рече Митревски.

Актуелниот претседател на ССМ, пак, во изјава за медиумите рече дека остануваат на барањето за зголемување на платите.

-Мене ми е многу жал што претседателот Митревски сè уште живее како да е 2017 година, 11 август, кога бил променет од функцијата. Од тогаш до денеска се поминати повеќе од шест години. Ние како ССМ остануваме на ставот дека платите во Македонија мора да се зголемат. Политичките памфлети, политичките напади врз претседател на ССМ, врз ССМ како организација, врз работниците ги отфрламе и сметаме дека се крајно несериозни особено поради тоа што ССМ е единствениот репрезентативен партнер во оваа држава на работодавачите и на владата и особено поради тоа што во изминатиот период успеавме да покажеме дека не само со социјален дијалог туку и со штрајкови и со преговори и со блокади ќе успееме да го направиме тоа што го правиме најдобро за работниците, а тоа е зголемување на нивните плати – изјави Трендафилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот