
Шолц „седи на два стола“, изрази поддршка за забраната за касетни бомби, но ја брани одлуката на САД
Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја бранеше одлуката на САД за испорака на контроверзна касетна муниција на Украина, но во исто време ја истакна важноста на меѓународниот договор за забрана на овој вид муниција.
Препорачано
„Американската влада донесе одлука што не е наша, туку ја донесе суверено, рече Шолц. и додаде дека во спротивно, САД можеби нема да можат да обезбедат доволно муниција за Украина“, која се бори против руската инвазија.
Тој сепак рече дека меѓународната Конвенција за касетна муниција, која Германија ја потпиша, е „од големо значење“ и оти тој е многу загрижен за потенцијалното влијание на неексплодираните касетни бомби врз цивилите долго по завршувањето на војната.
Речиси 80 години по крајот на Втората светска војна, предупредувањата за неексплодирани бомби остануваат релативно чести во Германија, истакна Шолц.
„И затоа е многу оправдана загриженоста што ја истакнуваме со оваа конвенција. И јас исто така сум посветен на тоа“, рече Шолц.
САД, Украина и Русија ја немаат потпишано конвенцијата, со која се бара да се забрани касетната муниција. Оружјето се бомби што се распрснуваат над целта, расфрлајќи голем број помали експлозиви. Голем дел не се детонираат, но остануваат како закана со години во иднината.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5