Зеленски и Шолц на конференцијата за Украина/ Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Шолц откако Трамп го нарече Зеленски „диктатор“: Тоа е погрешно и опасно

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска реагираше на остриот речник кој го употреби американскиот претседател Доналд Трамп кон неговиот украински колега Володимир Зеленски, оценувајќи дека „погрешно и опасно“ тоа што Трамп го нарече украинскиот претседател „диктатор“, пишува „Шпигел“.

„Едноставно е погрешно и опасно да се негира демократскиот легитимитет на претседателот Зеленски“, вели Шолц во интервју за весникот, додавајќи дека Зеленски е избран за шеф на државата Украина.

„Фактот дека не може да се одржат регуларни избори среде војна е во согласност со украинскиот устав и изборните закони. Никој не треба да тврди поинаку“, вели Шолц.

Трамп денеска го нарече Зеленски „диктатор без избори“ и „средно успешен комичар“, откако украинскиот претседател изјави дека Трамп бил под влијание на руски дезинформации во неговите напори да стави крај на руско-украинската војна, под услови за кои Киев вели дека се премногу поволни за Москва.

Трамп остро нападна: Зеленски е диктатор, Европа не успеа да донесе мир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот