Олаф Шолц го признава поразот на изборите во Германија / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Шолц го призна поразот: Ова е горчлив резултат

Германскиот канцелар Олаф Шолц, лидер на Социјалдемократите (СПД), вечерва изјави дека изборните резултати се „горчливи“ за неговата партија, нарекувајќи ги „пораз“, јавија светските медиуми.

Излезните анкети, според кои најмногу гласови на парламентарните национални избори освоила унијата ЦДУ/ЦСУ на Фридрих Мерц (околу 29 отсто), а ултрадесничарската АфД е на второто место со околу 19,5 отсто, покажаа дека СПД е на третото место, со 16-16,5 отсто од гласовите.

Зборувајќи пред поддржувачите во Берлин, Шолц рече дека „ова е момент во кој мораме да признаеме дека сме ги загубиле изборите“.

На претходните избори, вели тој, партијата имала „подобар“ резултат за кој тој бил „одговорен“, додавајќи дека овој резултат „е полош, а јас сум одговорен и за тоа“.

Шолц му честита на Фридрих Мерц, лидер на конзервативната Демохристијанска партија, за победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот