Инфлација, илустрација / Фото: МИА

Шокот на Путин избледува: европската економија повторно расте, а инфлацијата опаѓа

Бруто домашниот производ во 20-те земји кои го делат еврото се зголеми за 0,3 отсто во вториот квартал, во споредба со претходните три месеци, според официјалната проценка објавена во понеделникот. БДП во еврозоната падна за 0,1 отсто во последните три месеци од 2022 година, а стагнираше во првиот квартал од оваа година.

Одделно, официјалните податоци покажаа дека инфлацијата продолжи да паѓа овој месец. Индексот на потрошувачките цени во еврозоната порасна за 5,3 отсто, што е намалување од 5,5 отсто во јуни. Економијата на еврозоната беше силно погодена минатата зима од огромното зголемување на цените на енергијата што следеше по руската инвазија на Украина, но податоците од двете најголеми европски економии во петокот сигнализираа дека закрепнувањето е веќе во тек.

„Шокотот од Путин исчезнува. Високите цени на енергијата и храната силно ги погодија потрошувачите, но како што инфлацијата се намалува додека вработеноста продолжува да расте, како и бизнисите, се чини дека реалниот расположлив приход на домаќинствата значително ќе зајакне во наредните квартали“, рече Холгер Шмидинг, главен економист на Беренберг, пренсува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот