Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Шок за Ѓоковиќ: Настапот во Рим го заврши во третото коло!

Новак Ѓоковиќ и по повеќе од четири месеци во 2024 година ќе остане без освоена титула во 2024 година откако денес доживеа елиминација на Мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ настапот во Рим го заврши уште во третото коло откако беше поразен од Алехандро Табило од Чиле кој е 32. тенисер на АТП листата 2:0 (6:2, 6:3). Српскиот тенисер го загуби мечот за само 67 минути игра и воопшто не личеше на себе, го одигра веројатно еден од најлошите мечеви во неговата кариера.

Табило од спротивната страна на теренот излезе полн со самодоверба и успеа да го надигра првиот светски рекорд. Чилеанецот иако има 26 години ова ќе биде неговата најголема победа во кариерата.

Противник на Табило во осминафиналето ќе биде рускиот тенисер Карен Хачанов, додека за Ѓоковиќ следен предизвик ќе биде Ролан Гарос. Ќе потсетиме поради повреди на турнирот во Рим воопшто за настап не се пријавија Карлос Алкараз и Јаник Синер, најголемите ривали на Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот