Фото: facebook.com/Brera Strumica

Шкупи го освои првиот бод во првенството, Брера ремизираше со Башкими

Шкупи го освои првиот бод оваа сезона откако ремизираше против Работнички (1:1) на дуелот што се одигра во Струга од деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Шкупи поведе во 25 минута, со голот на Ерион Шуку. Луис Рибеиро се реши за удар откосо од левата страна, голманот Јакимов не реагираше најдобро, ја испушти топката, а на Ерион Шуку не му беше тешко да ја уфрли во мрежата. До крајот на првиот дел, немаше посериозни шанси на двете страни.

Работнички тргна многу поофанзивно после паузата. Ермедин Адем се закани во 60 минута по еден корнер од десната страна, а искусниот играч за врска успеа да погоди за израмнување само една минута подоцна.

Денеска се одигра уште еден меч во шампионатот, играчите на АП Брера и Башкими одиграа нерешено 1:1 во Струмица.

Во 35 минута по брз контранапад на Башкими, Мислими центрираше од левата страна, и на вистинското место се најде Аворнио, кој со глава го совлада Вргов.

Во 85 минута, судијата Пларент Салихи покажа на белата точка за екипата на АП Брера по дуелот меѓу Пановски и Драме. По консултацијата со ВАР-системот, судијата Салихи ја потврди одлуката. Нзенгуе не греши и се погрижи за израмнување.

Истиот играч во 90 минута имаше шанса да донесе и три бода за АП Брера, но неговиот обид заврши покрај голот на Башкими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот