3 C
Скопје

Шилегов: Да не се правиме „на Тошо“ дека грдосијата кај ТЦ Мавровка била легална

Вчерашниот пример со почетокот на уривање на дивоградбата во „Мавровка”, начинот и модалитетот, ќе значи дестимулирање на граѓаните да влегуваат во незаконити дивоградби, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

-Ги ставаме во нерамноправна положба па оние кои легално ја вршат таа работа. Не е коректно, тие луѓе што плаќаат, партиципраат во развојот на општините, и на самото општество и на БДП да ги ставаме во понерамноправна положба од овој систем, изјави Шилегов и повтори дека немаат градежна инспекција за да можат физички да вршат отстранување на било кој објект.

Одговарајќи на новинарско прашање за случајот „Мавровка”, Шилегов рече дека не се работи за комуналии туку за надомест за легализација. Објасни дека Град Скопје во постапката на легализација на дивоизградени објекти партиципира на тој начин што кога општината утврдува во законски предвидена постапка дека постојат услови тој објект да се легализира, Градот ја врши пресметката на надоместокот и поделбата на средствата.

Прочитајте и...  Портпаролот на Џонсон: Навални веднаш да биде ослободен

– Таму е легализиран објект кој беше долу во сутеренските простории. Само тоа било предмет на легализација. Не може да ги поистоветувате легализацијата што била извршена од страна на Општина Чаир во сутерен со овој објект или оваа грдосија која таму никнеше. Да не се правиме на Тошо дека тоа што било предмет на легализација за што сопственикот платил надоместок и за што Општина Чаир утврдила дека постојат услови дека е ова што е предмет на рушење. Ова е подигрување со здравиот памет на секој од нас пред се како граѓани, а потоа како луѓе што ги водиме институциите, изјави Шилегов.

Прашан и за другите дивоградби во Скопје, Шилегов рече дека за жал Град Скопје нема законска надлежност за постапување во случај на дивоградби. Најави дека ќе бара да се извршат законски измени за да се направи баланс. Општините да ги издаваат градежните дозволи, а надзорот над градбите во целост да го врши Градот. Вели дека тоа веќе го побарал и смета дека така некои слабости кои се јавуваат на општинско ниво ќе бидат спречени.

Прочитајте и...  Неколку болници во Полска престанаа со вакцинација, откако не добиле доволно вакцини од Фајзер

Поврзани вести

Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година

Михаило Донев

ВИДЕО | ВО ЦРНА ГОРА СЕПАК СЕ ФРЛАА ПО СВЕТИОТ КРСТ: 10-годишно момче најбрзо стигна до крстот во Беране! 

Слободен печат

Може ли попис и бојкот во исто време

ВИДЕО | УАПСЕНИ СО НАД ДВА ТОНИ КОКАИН: Дрогата ја криеле во 40 тони јаглен во шпанско пристаниште!

Слободен печат

ЕК: До лето треба да се вакцинираат барем 70 отсто од возрасната популација

Слободен печат

Најстудено во Битола, 31 сантиметар снег на Шапка

Слободен печат

Остави Коментар