Шест земји на НАТО што граничат со Русија ќе градат „ѕид од дронови“

НАТО знамиња / Фото: Janine Schmitz / imago stock&people / Profimedia

Шест земји членки на НАТО, кои се соседи на Русија, се согласија да подигнат „ѕид од дронови“ за да ги бранат своите граници од „провокации“, објави литванската влада.

-Тоа е сосема нова работа, ѕид од дронови што се протега од Норвешка до Полска. Целта е да се користат беспилотни летала и други технологии за заштита на нашите граници – изјави литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите.

Таа го изјави ова по разговорите со колегите од другите балтички земји, Естонија и Латвија, како и Финска, Норвешка и Полска.

-Не се работи само за физичка инфраструктура, системи за надзор, туку и за беспилотни летала и други технологии, кои ќе ни овозможат да се заштитиме од провокации од непријателски земји и да го спречиме шверцот – додаде таа.

Покрај распоредувањето на дронови за следење на границата, овие земји би користеле системи за пресретнување на непријателски беспилотни летала.

Литванската министерка не спомна временска рамка за проектот, кој беше одобрен поради актуелните безбедносни грижи во регионот во време на руската војна во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот