Шест африкански земји бесплатно добија 200.000 тони жито од Русија

Илустрација: Жито / Фото: Ashraf Amra / Zuma Press / Profimedia

Рускиот министер за земјоделство Дмитри Патрушев изјави дека Москва бесплатно испратила 200.000 тони жито во шест африкански земји, како што ветил претседателот Владимир Путин во јуни.

Русија даде по 50.000 тони на Централноафриканската Република и Сомалија, а по 25.000 тони на Мали, Буркина Фасо, Зимбабве и Еритреја, прецизираше Патрушев на средбата со Путин.

Рускиот лидер го вети житото на состанокот со африканските лидери во јуни, откако Русија се повлече од договорот што и дозволуваше на Украина да извезува жито од пристаништата во Црното Море. Договорот, познат како Црноморска иницијатива за жито, доведе до пад на цените на глобалниот пазар, но Путин тврди дека земјите на кои им е најпотребно – не го добиваат житото.

Патрушев дополни дека Русија во сезоната 2023/2024. планира да извезе до 70 милиони тони жито. Минатата година се извезени 66 милиони тони во вредност од речиси 16,5 милијарди долари, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот