Шенон Доерти се подготвува за смртта: Се ослободувам од материјалните работи за да ѝ олеснам на мајка ми

Фото: Instagram / theshando

Американската актерка Шенон Доерти, која има рак во четврти стадиум, во својот подкаст „Да бидеме јасни“ откри дека се подготвува за смртта.

Актерката одлучила да го продаде најголемиот дел од својот имот пред смртта бидејќи не сака да ѝ го отежнува овој процес на својата мајка Роуз.

„Мајка ми е мојот приоритет. Знам дека ќе ѝ биде тешко ако умрам пред неа. Затоа сакам другите работи да ѝ бидат многу полесни. Не сакам да има еден куп работи со кои треба да се занимава. Не сакам таа да има четири гаражи полни со мебел“, започнала таа.

Шенон објасни дека почнала да ги подарува и продава своите работи кои со години ги собирала. Таа неодамна била на имотот во Тенеси, а откри дека процесот на пакување ѝ бил многу тежок.

Нејзина желба била на овој имот да донесе коњи кои биле напуштени од нивните сопственици.

„Се пакував и почнав да плачам. Се чувствував како да се откажувам од мојот сон. Дали тоа значи дека се откажувам од животот?…Мајка ми ми рече дека не морам да го правам ова, а јас реков – ‘морам’“, изјавила таа.

Таа вели дека сфатила дека материјалните работи не ѝ носат толку голема радост колку што е создавањето спомени со нејзината мајка и најблискитe.

„Бидејќи сега заработувам пари продавајќи работи, можам повеќе да патувам и да создавам нови спомени со луѓето што ги сакам“, додала Шенон.

Да потсетиме, Доерти води битка со рак на дојката во четврти стадиум. Првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Таа влезе во ремисија две години подоцна, но во 2020 година откри дека нејзиниот рак повторно ѝ се вратил. Минатата година актерката откри дека ракот метастазирал во мозокот и во коските.

Шенон Доерти: Дознав дека маж ми ме изневерува пред да одам на операција за тумор на мозокот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот