
Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ продолжува наместо со помош и пофалба да работи со лаги (ВИДЕО)
Оваа недела ќе имаме две историски одлуки за сите нас и нашата татковина, членство во НАТО и почетокот за преговорите со Еврипската Унија- рече Шекеринска.
Вицепремиерката Радмила Шекеринска даде изјава во Владата, односно реакција на прес-конференсијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
Препорачано
-Најпрво честитка на сите наши граѓани за убавата вест и големиот успех, кој го добивата сега откако заврши нашата ратификација за нашето членство во НАТО. Оваа недела ќе имаме две историски одлуки за сите нас и нашата татковина, членство во НАТО и почетокот за преговорите со Еврипската Унија- рече Шекеринска.
Сакам да го истакнам и моето задоволство, рече Шекеринска, што сум учесник во овие два успешни процеси, во двете клучни епизоди на нашито европски пат.
-Стекнувањето на кандиднатскиот статус, како и овој отпочнуваење на преговорите со ЕУ. Ми претставуваше и чест и привилегија, им честитма на сите оние кои помогнаа барем во мал дел оваа работа да се заврши-рече Шекеринска.
За жал ова е недела на голема криза, како во светот, така и кај нас, рече вицепремиерката.
-Државата се соочува со голема криза, се се менува со светлосна брзина, се менуваат проблемите, предизвиците, еве сега и успесите, меѓутоа едно останува исто, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува наместо со помош и пофалба да работи со лаги- потенцираше Шекеринска.