Напад врз станбена зграда во Бејрут/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Шефот за медиуми на Хезболах убиен во израелски напад врз Бејрут

Во израелски напад врз зграда во густо населен кварт на Бејрут денеска е убиен шефот за односи со медиумите на Хезболах, Мохамад Афиф, изјавија за Ројтерс два либански безбедносни извори, иако Хезболах се уште не ја потврдил информацијата.

Израелската армија одби да ги коментира информациите на прашањето на Ројтерс. Нападот го погоди округот Рас ал Наба, каде што се населиле бројни жители раселени од јужните предградија на Бејрут, барајќи засолниште од израелските бомбардирања.

Безбедносни извори соопштија дека при нападот е  погодена зградата во која се наоѓаат канцелариите на партијата Баас, а лидерот на партијата во Либан Али Хиџази за либанската ТВ Ал Џадид изјавил дека во зградата во тој момент бил и Афиф.

Во соопштението за печатот на либанското Министерство за здравство, се наведува дека во нападот едно лице загинало, а три други се ранети.

Ројтерс јавува дека се слушаат возила на брза помош како брзаат кон местото на нападот, додека во исто време одекнувале рафални истрели за да спречат толпи луѓе да се обидат да се приближат до местото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот