
Шефот на СЗО вели дека идните генерации ќе бидат на удар доколку не се постигнат нови договори за борба против пандемиите
Земјите-членки ризикуваат да го пропуштат мајскиот рок за постигнување обврзувачки договор за борба против пандемии, што би било голем удар за идните генерации, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.
Препорачано
Новиот договор и унапредување на постојните правила за справување со пандемии ќе имаат за цел да ја поддржат глобалната одбрана од новите патогени по пандемијата на Ковид-19, која уби повеќе од седум милиони луѓе, според податоците на СЗО.
– Мора да кажам дека сум загрижен што земјите-членки можеби нема да се состанат за да се заложат за решавање на отворените, нерешени прашања, рече Тедрос за време на обраќањето на состанокот на извршниот одбор на СЗО во Женева оваа недела.
Според него, непостигнувањето на нов договор и усвојувањето на измените на Меѓународната здравствена регулатива (МЗП) ќе биде пропуштена шанса што идните генерации нема да можат да ја простат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24сек
-
6мин
-
7мин
-
8мин
-
16мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5