
Шармантен, секогаш насмеан и позитивен: Денеска роденден слави актерот Атанас Атанасовски
На денешен ден 1989 година роден е Атанас Атанасовски, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Препорачано
Со десетици улоги зад себе, на театарската сцена и на филм, многубројни стендап настапи и настапи на Златна бубамара на популарноста, актерот Атанас Атанасовски години е дел од театарот „Комедија“.
Атанасовски дипломирал на Факултет за драмски уметности во Скопје во 2011 година, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Мими Таневска, а од 2012 година, работи во Театар Комедија во Скопје.
Досега се има појавено и во повеќе македонски филмови и ТВ-серии кои ја одбележаа македонската кинематографија во последниве десет години:
– 2009 „Народни приказни“ ТВ-серија
– 2014 „Ладно е надвор“ ТВ-филм
– 2017 „Ах, љубов моја“ ТВ-филм
– 2017 „Исцелител“ ТВ-филм
– 2018 „Преспав“ ТВ-серија
– 2019 „Фамилија Марковски“ ТВ-серија
– 2022 „Носеше црна прачка“ ТВ-филм
– 2023 „Сценариото“ ТВ-филм
– 2023 „Дајте музика“ ТВ-серија
– 2023 „Те дуа, жими мене“ ТВ-филм
– 2024-2025 „Тин Камп“ ТВ-серија
Во последното интервју за „Слободен печат“ Атанасовски откри како се носи со ситуации кога публика не се смее и како е да се смееш и кога не ти е до смеење?
– Има и такви денови кога публиката не се смее. Некогаш е така, ама следниот пат ќе биде подобро! А, како е да се смееш и кога не ти е до смеење… Тоа е нешто што и јас уште го учам!