Фото: ТВ24

„Шанса за Центар“: Повторно бараме плановите од 2012 да се суспендираат и да се заменат со нови

Советот на Општина Центар не донесе одлука за распишување на референдум на кој граѓаните на Центар ќе може да се изјаснат дали се за суспензија на деталниот урбанистички план за просторот спроти „Холидеј Ин“. Распишувањето референдум беше предлог на советниците од Левица, но одлуката не е донесена затоа што се остави време за дискусија за овој предлог во претстојниот период.

Ваквиот предлог беше поддржан и од „Шанса за Центар“, од каде сметаат дека морада се даде простор за изразување на граѓанската воља, а тоа е можно само ако постои политичка волја во Советот за донесување одлука за референдум.

– Очигледно во минатиот период политичка волја немаше, Министерството за транспорт и врски не ја прифати суспензијата за овој план, Обвинителството молчи по поднесената кривична пријава од ДКСК, а претходно и Уставниот суд го прогласи мораториумот за овој план за неуставен. Со оглед што институциите немаа воља да го бранат јавниот интерес, јавниот простор, го распродадоа непочитувајќи ги законите, сметаме дека новиот состав на Советот може да продолжи да ги застапува граѓанските интереси и да се залага за подобар план за овој простор – велат од „Шанса за Центар“.

На седницата, мнозиството во Советот усвои и техничка исправка на планот за Буњаковец, а беше отфрлена друга техничка исправка за урбанистичкиот план за Водно.

„Шанса за Центар“ смета дека урбанистичките планови за кои беа поднесени барања за усвојување на т.н. технички исправки на поединечки парцели се целосно лоши и неквалитетни урбанистички решенија со низа неусогласености со Генералниот урбанистички план на Скопје.

Поединечни технички исправки можат да донесат решение за поединечни сопственици на парцели, но со тоа може и да го нарушат квалитетот за пошироката околина. И самите планови се полни со ситуации кои ќе создаваат проблеми во иднина и ќе го намалуваат квалитетот на животот на граѓаните ако продолжат да се реализираат. Затоа повторно баравме плановите од 2012 да се суспендираат и да се заменат со нови – истакнуваат од Шанса за Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот