Александар Шаленберг / Фото EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Шаленберг: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, нема сомнеж дека регионот е дел од европското семејство

Европската унија нема да биде целосна додека Западен Балкан не стане дел од нејзиното семејство, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и повика на забрзување на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Шаленберг на Европскиот форум Вахау во Австрија, пред врачувањето на наградата „Aлојз Moк“ на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, укажа на предизвиците со кои се соочува светот, но рече дека е неопходно и соочување и со долгогодишните предизвици во Европа, особено во регионот каде што „мораме да преминеме од разговор на конкретна акција“.

„Очигледно, мислам на Западен Балкан, кој за нас е културно, ментално и емоционално непосредно соседство.

Нема сомнеж, и верувам дека се согласуваме околу тоа, дека Западен Балкан, овој регион, веќе е дел од европското семејство, дека припаѓа на ова европско семејство“, рече шефот на австриската дипломатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот