Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Шакира се договори со обвинителството: Нема да оди во затвор, но ќе плати казна од 7,3 милиони евра

Колумбиската пејачка Шакира постигна договор со шпанското обвинителство непосредно пред почетокот на судскиот процес за даночна измама во Барселона.

Имено, таа беше обвинета за „сериозно“ даночно затајување од 14,5 милиони евра, во периодот меѓу 2012 и 2014 година.

Со спогодбата се стави крај на судскиот процес, а обвинителството ја замени затворската казна со парична казна – двете страни се договориле таа да плати казна од 7,5 милиони евра.

Шакира
Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Шпанското обвинителство во јули годинава најави дека ќе бараат затвор до осум години и парична казна од 24 милиони евра, ако Шакира биде прогласена за виновна.

Првичко, случајот беше покренат во 2018 година и беше заснован на тврдењето дека Шакира од 2012 до 2014 поминала повеќе од шест месеци годишно како жителка на Шпанија, што ја обврзувало да ѝ плати данок на државата.

Таа тврдеше дека не престојувала толку во Шпанија во тој период и првично одби да се спогоди со обвинителите.

Фото: EPA-EFE/Superior Court of Justice of Catalonia

Инаку, Шакира живееше 11 години со поранешната фудбалска ѕвезда Жерар Пике, со кој има две деца. Пејачката, чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, се пресели во Мајами по нивното разделување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот