
Шакира итно хоспитализирана, го откажа концертот: „Лекарите ми рекоа дека не можам да настапам“
Славната колумбиска пејачка Шакира заврши во болница, а поради влошена здравствена состојба мораше да го одложи претстојниот концерт.
Препорачано
Имено, објавата за откажаниот концерт се наоѓа на нејзините профили на социјалните мрежи, а на Икс објави дека е во болница поради проблеми со стомакот, а ја изрази и својата тага поради откажаниот концерт, но и благодарност до своите обожаватели во Перу и пошироко.
— Shakira (@shakira) February 16, 2025
Шакира понатаму навела дека се надева дека денеска ќе биде пуштена од болница, а нејзиниот тим веќе работи напорно да закаже нов датум за концерт.
„Ви благодарам на сите за разбирањето, сите ве сакам, Шак“, се наведува во соопштението.
68 thousand souls tonight ❤️ Thank you São Paulo for a dream night! Obrigada Brasil por um começo de tourne inesquecível!! #LMYNLWorldTour pic.twitter.com/n4V27jPj4D
— Shakira (@shakira) February 14, 2025
За потсетување, Шакира својата светска турнеја насловена „Las Mujeres Ya No Lloran“ ја започна на 11 февруари во Рио де Жанеиро, денеска би требало да настапи во Перу, а потоа ќе има пет концерти во родниот град во Колумбија (од 20 до 27 февруари). Ако сè оди според планот, турнејата ќе ја заврши на 12 март во Мексико.
Колумбиската ѕвезда Шакира ја започна најголемата турнеја во својата кариера. Првиот концерт го одржа во Рио де Жанеиро каде покрај изведбата на повеќе од 30 песни, музичкиот спектакл го одбележа со промената на 13 различни сценски комбинации.
ВИДЕО | Шакира ја запали сцената на Греми со атрактивен стомачен танц