Сезонски алергии кај животни: Ветеринар споделува совети како да му помогнете на вашиот миленик

Фото: Profimedia

Луѓето не се единствените кои се борат со сезонските алергии. Во интервју за „Пипл“, ветеринарот Мајкл Натал откри дека сезонските алергии, како и вообичаените алергии, се чести кај кучињата и мачките.

„Секое животно може да има или да развие алергии. Исто како и луѓето, тие можат да ги развијат како што стареат. Тоа се случува почесто отколку што мислат повеќето луѓе“, објаснува Натал.

Ветеринарот наведува дека третманите за алергии кај кучињата и мачките зависат од тоа колку животното е алергично на нешто. На пример, неговиот ротвајлер има тешки алергии, поради што мора да прима инјекции против алергија секоја недела, а исто така има и  посебен режим на исхрана.

Исто така, Натал забележува дека постои една алергија која често се јавува кај домашните миленици.

„Често гледам животни алергични на пилешко, кое може да се најде во многу производи за домашни миленици“, објаснува тој.

За да им помогнат на домашните миленици кои се борат со алергии, сопствениците прво треба да посетат ветеринар или ветеринарен дерматолог кој прави тестови за алергија за да открие кои алергени им пречат на нивните миленици.

„Ако го знаете алергенот, обидете се да не го изложувате вашето домашно милениче на тој алерген. Прочитајте ги состојките на производите и користете лекови за алергија што ви ги препишал вашиот ветеринар. Најважно е да го однесете вашето домашно милениче на преглед доколку чувствувате дека нешто не е во ред со него“, објасни ветеринарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот