фото: freeimages

Сезона е на праски и нектарини: колку се потемни , толку повеќе содржат витамин А

Слатките и вкусни нектарини се тесно поврзани со праските. Како и праските и тие се плодови што припаѓаат на родот прунус, во кој спаѓаат и сливите, бадемите итн. Овој вид овошје е барано поради својата сочност, мирисна арома и сладок вкус.

Сочните и вкусни нектарини се овошје со низок процент калории и не содржат заситени масти. Тие се полни со антиоксиданси, растителни хранливи материи, минерали и витамини. Свежите нектарини имаат и мала количина витамин Ц, 100 грама даваат 5,4 мг или околу 9 проценти од дневното препорачано нив.

Витаминот Ц има антиоксидансни ефекти и е неопходен за синтеза на сврзното ткиво во телото. Консумацијата на овошјето богато со витамин Ц помага телото да развие резистентност против инфекции и при ослободување на штетните слободни радикали.

 Добри се за здрав срцев ритам

Нектарините имаат мали, но добри концентрации на други антиоксидативни витамини како витамин А, витамин Е, полифенолни антиоксиданси, лутеин, зеаксантин и бета-криптоксантин. Тие помагаат во заштита од слободни радикали што произведуваат кислород и реактивни видови кислород, кои играат улога при стареење и различни процеси на болести. Покрај тоа, витаминот А се користи и за одржување на здравата слузокожа на кожата. Користењето на овошје богато со витамин А е познато при заштита од рак на белите дробови и усната шуплина.

Ова овошје има добар сооднос на минерали и електролити како калиум, железо, цинк, бакар и фосфор. Железото е потребно за формирање црвени крвни зрнца. Калиумот е важна состојка на клетките и телесните течности што помагаат при регулирање на артерискиот притисок и срцевиот ритам.

фото: freeimages
фото: freeimages

Пробајте чај од праски

Од друга страна праските содржат низа хранливи материи што му се потребни на телото како ниацин, тиамин, калиум и калциум. Тие се исто така богати со висока содржина бета-каротен, антиоксиданс што се преобликува во витамин А и е од суштинско значење за здраво срце и очи. Колку се потемни праските, толку повеќе витамин А имаат во себе. Антиоксидансите исто така можат да помогнат во одржување на здравиот систем за лачење и дигестија.

Чајот од праски е познат во источните култури како препарат за чистење на бубрезите и се користи за детоксикација. Многу стручни лица тврдат дека праските се добри за ублажување на чиреви на желудник и други проблеми поврзани со системот за варење, како што се колити и болести на бубрезите. Ова е најверојатно поради високиот процент на влакна и калиум. Најдобро е праските да се јадат свежи, бидејќи при варење губат 80 отсто од хранливите материи, особено витамин Ц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот