EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Сетиен: Не знам дали ќе ја предводам Барселона во ЛШ

По поразот од Осасуна во вечерта во која најголемиот ривал Реал Мадрид дојде до титулата, тренерот на Барселона за прв пат призна дека му се „ниша“ столчето на клупата.

Барселона ја продолжи сезоната во Ла Лига со два бода предност во однос на Реал Мадрид, но киксевите на гостински терен ја стопија предноста и вчера на две кола до крајот, најголемиот ривал дојде до шампионската титула.

Како што продолжи сезоната по тримесечната пауза, така зачестија и шпекулациите за смена на тренерот Кике Сетиен бидејќи екипата под негово водство игра очајно на гостувањата, а сега и самиот тој призна дека има вистина во тоа.

– Јас сум одговорен за ситуацијата во која се најде Барселона, јас сум тренерот на овој тим. Се надевам дека ќе ја водам екипата во Лигата на шампионите ова лето, но не знам што ќе се случува во иднина. Се согласувам со критиките на Меси. Поразот од Осасуна беше незаслужен – изјави Сетиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот