Сестрата на Ким Јонг ун, Ким Јо-Џонг/ Фото: Архива на Слободен печат

Сестрата на Ким со критики до Сеул: Вие сте како диво куче кое трча наоколу и глода коска фрлена од САД

Моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска упати остри закани до Јужна Кореја поради разгледувањето еднострани санкции против Северна Кореја. Таа новиот јужнокорејски претседател и членовите на неговата влада ги нарече „идиоти” и „диви кучиња што глодаат коски” што им ги фрлаат САД.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја пред два дена соопшти дека ја рагледува можноста за воведување дополнителни еднострани санкции против Северна Кореја поради неодамнешните ракетни тестирања спроведени од севернокорејската армија. Министерството соопшти дека ќе ги разгледа санкции и мерки за спречување на наводните кибер-напади на Северна Кореја, доколку Ким Џонг-ун изврши поголема провокација, како на пример нуклеарна проба.

„Се прашувам какви ‘санкции’ јужнокорејските власти, кои се како диво куче кое трча наоколу и глода коска фрлена од САД, дрско ќе и наметнат на Северна Кореја? Каква спектакуларна глетка” изјави Ким Јо-џонг.

Сестрата на севернокорејскиот лидер ги нарече новиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол и службениците од неговата администрација „идиоти кои создаваат опасна ситуација”. Таа додаде дека Јужна Кореја „не беше наша цел” додека на власт беше нејзиниот поранешен претседател кој се залагаше за помирување со Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот