Илустративна фотографија за сол / Фото: Pexels

Сериозни последници: Четири знаци кои јасно покажуваат дека јадете премногу сол

Нашата секојдневна исхрана ни обезбедува премногу, а не премалку натриум – минерал што се наоѓа во солта, поради што се советува да не ја досолувате храната. Ако навистина морате, подобро користете зачински билки. Освен тоа, целата преработена храна е пресолена. Сол има во големи количини во колбасите, сирењето, лебот, сосовите, грицките и готовите јадења, пишува „Живим“.

Солта го зголемува крвниот притисок и доведува до кардиоваскуларни и бубрежни заболувања. Според податоците на Светската здравствена организација, околу 1,6 милиони луѓе годишно умираат поради прекумерна консумација на сол.

Овие четири предупредувачки знаци треба да ги сфатите сериозно:

Постојано сте жедни

Телото има потреба од одредена количина сол за да ја регулира рамнотежата на водата во клетките. Но, премногу сол бара внесување повеќе течности. Доколку често чувствувате жед, посетете лекар, бидејќи освен зголемен крвен притисок, можно е да имате и дијабетес.

Често ве боли глава

Покрај стресот, главоболките често се предизвикани од недостаток на вода и прекумерен внес на сол. Размислете што сте јаделе последно – премногу сол може да доведе до ширење на крвните садови во мозокот, што предизвикува главоболки.

Чувствувате надуеност

Кога во крвта има премногу натриум, водата „истекува“ од клетките и предизвикува отекување. Најпрво ќе забележите отечени прсти на рацете и нозете, но може да биде погоден и стомакот.

Храната ви е без вкус

Ако сте навикнати на многу солена храна, јадењата со помалку или без сол во почетокот може да ви изгледаат благи. Но, бидете истрајни – со тек на време вашите сетила за вкус ќе се навикнат на промената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот