Макрон и Нетанјаху EPA-EFE/CHRISTOPHE ENA / POOL MAXPPP OUT

Сериозни критики кон Макрон

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека критиките на францускиот претседател Емануел Макрон за неговата политика за помош за Газа претставува „крвава  клевета“ против еврејската држава.

„Макрон уште еднаш одлучи да застане на страната на убиствената исламистичка терористичка организација и да ја повтори нејзината лажна пропаганда, а во исто време го обвини Израел за крвава клевета“, се вели во писмената изјава на Нетанјаху, која до медиумите ја објави неговиот кабинет.

Нетанјаху рече дека „Израел води битка на повеќе фронтови за својот опстанок по ужасниот масакр извршен од Хамас врз невини цивили на 7 октомври, вклучително и убиство и киднапирање на десетици француски граѓани“, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Наместо да застане на страната на демократскиот западен табор кој се бори против исламистичките терористички организации и повикува на ослободување на заложниците, Макрон повторно бара Израел да се предаде и да го награди тероризмот“, рече Нетанјаху.

Тој додаде дека „Израел нема да застане и нема да се предаде“ и дека е „решен да ги постигне сите воени цели на Израел“ – ослободување на сите заложници, пораз на палестинската милитантна група Хамас „и да се осигура дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел“.

Макрон вчера ја осуди политиката на Нетанјаху за хуманитарна помош за Газа како „неприфатлива“ и „срамна“, велејќи дека Европа треба да размисли за продолжување на санкциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот