фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Серија А: Венеција освои бод против Аталанта во Бергамо

Фудбалерите на Аталанта и Венеција ремизираа со 0:0 во Бергамо во 27. коло од Серија А. Аталанта не ја искористи можноста за накратко да дојде до првото место во Серија А, бидејќи ремизираше тим кој е на претпоследното место.

Домашните создадоа неколку шанси во првото полувреме, но не успеаја да постигнат гол, па последователно резултатот остана изедначен по првите 45 минути игра.

Во второто полувреме одиграа нешто подобра партија, но голманот на Венеција беше на висина на задачата.

Аталанта е на третото место во италијанското првенство со 55 бодови, додека Венеција е претпоследна со 18.

Во останатиот дел од натпреварувањето, тимот од Бергамо ќе игра со Јувентус во Торино, додека Венеција за противник ќе го има Комо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот