фото: EPA-EFE/ISAAC ESQUIVEL

Серхио Рамос се соочува со тешка казна во Мексико

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос ризикува суспензија од 15 натпревари и тешка парична казна поради црвениот картон што го доби во 12 коло од мексиканското фудбалско првенство меѓу Рајадос Монтереј и Пумас, објавија тамошните медиуми.

Дисциплинската комисија отвори истрага против поранешниот шпански репрезентативец и судијата по жалба на Пумас.

На натпреварот, Рамос доби црвен картон поради грубиот прекршок над Гиљермо Мартинез.

А претходно направи неколку сериозни прекршоци кои останаа незабележани од судијата, вклучително и удар со лакт во лицето на Пауло Беневенто и удар на Лисандро Магајан.

За своето агресивно однесување, Рамос може да биде казнет до 15 натпревари и парична казна до 248.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот