Американската тенисерка Серена Вилијамс/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Серена Вилијамс се премислува: Никогаш не реков пензија

Американската тенисерка Серена Вилијамс по поразот на УС опен објави дека заминува во пензија, но неколку недели подоцна се чини дека се премислува околу оваа одлука.

– Никогаш не го употребив зборот пензија – изјави Серена Вилијамс во шоуто на Џими Фалон.

Таа направи споредба со уште една спортска легенда, легендарниот НФЛ квотербек Том Брејди, кој прво објави дека се пензионира, па потоа се премисли и одлучи да одигра уште една сезона.

– Многу сум среќна, има многу работи што не можев да ги направам, а би сакала да ги правам изминативе години. Но, нема да се опуштам, само сакам да почнам да уживам во тоа што не можев во минатото. Сепак, разговарав со Том Брејди за неговото повлекување. Не се гледам себе си далеку од тенисот и би сакала да работам нешто и да останам поврзана со овој спорт. Тенисот беше светло во мојот живот – додаде Серена Вилијамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот