фото: FC Struga

Сенад Јаровиќ е новиот напаѓач на Струга Трим Лум

Македонскиот фудбалски шампион ангажираше ново засилување за следната сезона, станува збор за напаѓачот Сенад Јаровиќ (25) кој е роден во германскиот Лангенфелд со босанско потекло.

И официјално како што пренесуваат од Струга Трим Лум, нов играч на екипата е Јаровиќ кој доаѓа од романскиот клуб Минаур Баја Маре.

Минатата сезона во рамките од втората романска лига од осум настапи постигна еден гол.

Во својата клупска кариера беше дел и од Слобода Тузла, Петролул 52, Радомље, Серед, Злате Моравце, Сондерјиске, Спартак Трнава, Доб и Домжале.

Стружани претходно како нови засилувања ги претставија Арди Идризи и Ментор Мазрекај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот